Борис Кондарко е предлогот на СДСМ за претседател на Државната изборна комисија, кој денеска беше доставен до Собранието, јавува „Макфакс“.

Предвидено е предлогот попладнево да се најде на дневен ред на седницата на Комисијата за прашања на изборите и именувањата, а пратениците по предлогот да се изјаснат на пленарна седница на 15-ти март.

Предлогот доаѓа по оставката на досегашниот претседател на ДИК, Александар Новаковски.

OhridNews
Извор: „Макфакс“