Ракометарите на Охрид го претрпеа третиот пораз сезонава, втор во серија во Велес од Борец кој победи со 30-28 (13-16) во 12-та рунда од Супер лигата.


Избраниците на Горан Андоновски самите се виновни за неуспехот во Велес, откако прокоцкаа водство од три погодоци на полувремото и четири на стартот од вториот период.

Домаќините постепено ја анулираа предноста, а во последните минути од мечот со два погодоци успеаја да ги зграпчат трите бодови.

Шанса за рехабилитација „гладијаторите“ ќе имаат против Металург 2 во последниот меч за оваа година на домашен терен.

OhridNews