Екипата на Борец од Вапила се пласираше во третата фудбалска лига југозапад. Во бараж мечот одигран во Струга, победникот во Општинската Фудбалска Лига, Борец со 3-1 ја победи екипата на Фаланга од Демир Хисар.
 

Ѓоршески на двапати и еднаш Мурџоски стрелаа прецизно во историската победа за клубот кој е формиран во 1976 година и за прв пат ќе се натпреварува во третата лига.

М.П.