Екипата на Борец од Вапила е победник во овогодинешното издание на Општинската Фудбалска лига. Борец во финалето со 2-1 го совлада тимот на Дебарца.

Резултатот го отвори Мурџоски од пенал, додека на 2-0 зголеми Милески. При резултат 2-0 Дебарца преку Танески не реализираше пенал, додека почесниот гол го постигна Суклоски.

Борец за влез во третата лига запад ќе игра бараж меч в недела, а противникот ќе биде познат по утрешната ждребка.

М.П.