Ракометарите на Охрид запишаа нови три бодови на табелата совладувајќи го Борец со 30-21 (15-10) во Билјанини Извори во 15-та рунда од Супер лигата.


„Гладијаторите“ на дуелот со Борец ја оправдаа фаворитската улога и со триумф ја започнаа пролетната полусезона во елитата.

Петнасеттина минути им беа потребни на охриѓани целосно да го скршат отпорот на гостите кои не дојдоа во Охрид со бело знаме.

Водството од пет голови од првиот дел (15-10) пулените на Горан Андоновски го зголемија на девет на крајот од натпреварот (30-21).

Во следната 17-та рунда ракометарите на Охрид гостуваат во Прилеп, а ќе ги одмерат силите против истоимената екипа.

Р.К. Охрид: Колев (11 одбрани), Трајковски (6 одбрани), Андоновски 3, Новаковиќ 4, Тасески, Павловиќ 7, Печенковски, Кежиќ 4, Вражалица 6, Хогас 4, Трифуноски 2, Белевски.

Р.К. Борец: Димиски (5 одбрани), З. Стојановски 4, Трчков 5, Стојаноски, Игњов 1, Лазаревски, Гинов 3, Петровски, А. Стојаноски, Оранџиев 1, Чичевалиев, Мачавелов 4, А. Лазаровски 1, И. Лазаровски 1.

Мх.П.