На сцената на Центарот за култура „Григор Прличев“ во Охрид, вечерва со почеток во 20 часот ќе биде прикажана претставата „Борење со мечка“ на Австралиско-македонскиот театар од Сиднеј, Австралија.

Ова драмско дело на авторот Душан Ристевски и режисерот на Стефо Нанцу, до сега беше прикажано во Скопје, Велес, Штип, Струмица, Битола и во Прилеп, како дел од 49-тиот Театарскиот фестивал „Војдан Чернодрински“.

Во претставата играат деветмина актери: Васко Србиновски, Ирена Вељанова, Никола Апостоловски, Валентина Апостоловска, Стефани Степановска, Јаворка Котеска, Самоил Митревски, Владо Сазданов и Мена Ристевска.

Влезниците за претставата чинат 100 денари.

OhridNews