Време е сериозно да почне спроведување на Договорот на патот кон нормализација, изјави високиот претставник на Европската унија за надворешна политика и безбедност, Жозеп Борел во Брисел, каде што се одржува средба на високо ниво во рамки на дијалогот меѓу Белград и Приштина.
Денеска ќе видиме дали се подготвени да преземат одговорност, напиша Борел на платформата Х.
Тој информира дека е домаќин на српскиот претседател Александар Вучиќ и албанскиот премиер Албин Курти на средба на високо ниво како дел од дијалогот во Брисел.
По одвоените средби, околу 11 часот и 30 минути почна трилатералната средба на претставниците на Белград и Приштина со претставниците на Европската унија во рамките на новата рунда дијалог.
OhridNews