Високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Жосеп Борел, во авторски текст на блогот на дипломатската служба на ЕУ рече дека во годината на војната во Украина, енергетската и климатската криза, и покрај зависноста од увозот на руски фосилни горива, Унијата не „попушти пред уцените на Путин“.
Успеавме да ја пополниме празнината и да ги финализираме важните реформи за да ја забрзаме нашата енергетска транзиција и тоа ќе има значително геополитичко влијание, рече Борел.
Според него, освен во самата Украина, војната предизвика сериозна енергетска криза во Европа, поради начинот на кој Русија ја користи енергијата.
OhridNews