Високиот претставник на ЕУ Жозеп Борел утрово изјави дека Белград и Приштина се „на работ на нова криза“ и порача дека е неопходно да се излезе од кризната логика и да се сврти кон барање решенија.

Пред почетокот на состанокот на министрите за надворешни работи на ЕУ во Брисел, Борел потсети дека на 11 ноември се сретна со претседателот на Србија, Александар Вучиќ и со косовскиот премиер Албин Курти, во Париз и изјави дека таму „бил презентиран предлог за кој треба да се разговара како добар начин за излез од оваа ситуација“.

Борел ги повика двете страни да ги исполнат своите обврски и да ги спроведат договорите потпишани пред неколку години.

OhridNews