Еден бордел во Берлин дава попуст на оние гости кои ќе докажат дека патувале со јавен превоз или велосипед. Поранешна проститутка вели дека на тој начин сите профитираат. Имено екологијата и чистата околина е топ тема на денешнината, а и до нивниот бордел тешко може да се најде паркинг па затоа се одлучиле на овој чекор.
Така дојдовме на идеја да понудиме таканаречени еко попусти на секој кој ќе го остави автомобилот дома-вели мадам Гетз и додава дека кризата им го намалила прометот во последните шест месеци.
Но, еко попустите се покажале како вистинско решение и работата повторно тргнала напред. 15 минути во борделот чинат 25 евра, што е отприлика 10 проценти попуст на нормалната цена. Како би го добиле овој попуст, клиентите кои до борделот пристигнуваат со велосипед мора да го покажат своето возило, а тие што користат јавен превоз покажуваат билет.
Проституцијата е легална во Германија, а со неа се занимаваат околу 400 000 вработени.