Првото место на 19 –от Oпштински натпревар „Млади библиотекари“ го освои ученикот Борче Исакоски од ОУ „Христо Узунов“ под менторство на Санта Миткова.

Исакоски ќе го претставува своето училиште и НУ Библиотека „Григор Прличев“ на републичкиот натпревар што 16 ноември ќе се одржи во Демир Хисар.

На малата свеченост одржана во охридската библиотека нему му беше врачена награда во книги а на останати учесници и ментори им беа врачени благодарници и книги во знак на сеќавање и учеството во натпреварот.

На натпреварот oдржан мината недела учествуваа 15 ученици од основните училишта: „Св Климент Охридски“, „Григор Прличев“, „Христо Узунов“ , „Живко Чинго“, „Кочо Рацин“, „Св. Наум Охридски“ и „Ванчо Николески“.

Организатор на натпреварот беше Библиотекарското здружение на Македонија.

OhridNews