Жителите на самонареченото село на кралските кобри на Тајланд организираат борби во кои дресерите ги предизвикуваат смртоносните змии на борба очи во очи. Дресирањето змии на Тајланд се применува многу одамна. На дресерите во текот на борбата им е забрането употребување на било какво оружје. Кралските кобри на Тајланд ги има многу, а некои семејства ги одгледуваат во своите куќи.


Змиите често можат да се забележат по улиците. Жителите со гордост кажуваат дека повеќе не чуваат патки и кокошки, бидејќи змиите ги убиваат сите животни во нивна близина. Бидејќи во близина немаат апотеки ниту амбуланти, се лекуваат со помош на билки. Тинктурата направена од мртва лисица и лимон е единствениот лек кој се користи против каснувањата од змија. Три жители на ова село минатата година починале во борбите со змии. Нивното каснување е толку отровно, што може да усмрти и слон.