Под мотото „Секој ден нека биде ден на животната средина“, Општина Охрид го одбележа Светскиот ден на животната средина. По тој повод беше спроведена акција за чистење на отпадот од реката Грашница до Даљан, а вчера млади волонтери во центарот на градот делеа флаери со пораки за заштита на животната средина.


Целта е со вакви акции да ја подигнеме еко свеста на граѓаните, да го смениме размислувањето на младите генерации и пошироката јавност воопшто затоа што светот може да се промени само ако тргнеме од самите нас, истакна Хавза Реџеп Каќел, советник за екологија во Општина Охрид.


Борбата за здрава и чиста животна средина продолжува, вели Каќел која најави дека општината и во иднина ќе организира слични акции за зачувување на природата.


Борбата за здрава и чиста животна средина продолжува

Ohridnews