Екипите во Општинската фудбалска лига продолжуваат со борбата за освојување на бодовите. Викендов, на програмата се мечевите од четвртата рунда во првенството.

Воска Спорт на домашен терен ќе го пречека Славеј, Рудар ќе ги одмери силите со Вапила, Св. Петар е домаќин на Воска 2002 а Лакочереј и Велмеј ќе се судрат со Злести односно Вулкан.

За потсетување, првите четири екипи на табелата после завршување на сезоната обезбедуваат пласман на завршниот турнир. Победникот на турнирот обезбедува пласман во Третата лига.

Двојки:

Воска Спорт – Славеј

Рудар – Вапила

Св. Петар – Воска 2002

Лакочереј – Злести

Велмеј – Вулкан

Табела: Воска 2002 6 бодови, Славеј 6, Лакочереј 6, Рудар 6, Вапила 5, Воска Спорт 4, Вулкан 3, Велмеј 1, Св. Петар 0, Злести 0.

OhridNews