Под мотото “Кич да? Сте или не сте?“, денеска во Охрид ќе биде отворена изложба на Британската колекција на Музејот на современа уметност и на уметниците Александар Станковски, Славица Јанашлиева Олгица Димтрова и Филип Фидановски.

Целта е на овој начин да се анимира пошироката јавност во борбата против кичот. Најдобар одговор на кичот се делата со вистинска уметничка вредност, кои преку овој проект ќе станат достапни за пошироката публика која ќе се едуцира и да ги препознае, велат носителите на проектот.

Проектот за борба против кичот што започнува од културната и духовна престолнина на Македонија, опфаќа повеќе изложби во Дебар, Кичево, Тетово, Велес, Куманово и други градови.

Изложбата во Охрид ќе се одржи во Центарот за култура „Григор Прличев“

Ohridnews