Во преостанатите две рунди во Општинската фудбалска лига три екипи (Лакочереј, Дебрца и Сатеска) се борат за шампионската титула.
Во 16-та рунда екипите на Сатеска и Лакочереј играат пред своите гледачи против Злести односно Рудар додека Дебрца во гости ќе ги одмери силите со Св. Петар.
Двојки : Воска – Илинден (сабота 17ч), Св. Петар – Дебрца, , Вапила – Славеј (недела 17ч), Сатеска – Злести, Лакочереј – Рудар (вторник 17ч) .
Табела : Лакочереј 37 (-1), Дебрца 35, Сатеска 33 (-1), Воска 30, Рудар 25, Злести 17, Вапила 16, Илинден 14, Славеј 12, Св. Петар 6.
Ohridnews