Во тестаментот на кралот на поп музиката Мајкл Џексон јасно пишувало дека цел негов имот го наследуваат неговата мајка и неговите деца. Бидејќи адвокатите прочитале што пишува во тестаментот, браќата и сестрите на покојниот пејач тврдат дека тој е лажен, односно дека некој го фалсификувал. Нив посебно им смета тоа што цел негов имот е даден на управување на неговите адвокати, до полнолетството на неговите деца Принс, Парис и Бленкет.
Неговата последна желба била по неговата смрт, со целокупниот негов имот да управува неговата мајка Кетрин и неговите деца. Браќата и сестрите ја доведуваат во прашање легитимноста на неговиот потпис кој покажува дека Џексон бил во Лос Анџелес, а тие тврдат дека популарниот пејач тогаш престојувал во Њујорк. Затоа браќата и сестрите напишале жалба и го опишале тестаментот како лажен.
“Неговата смрт е последица на завера и сега се користат сите средства тоа да се прикрие.” – пишува во писмото.
Тие во писмото до адвокатот на Мајкл напишале дека нивниот брат никогаш не ги сакал неговите адвокати и се сомневаат дека тој сакал да им го довери неговото богатство. Исто така напишале дека нивната мајка е под стрес, како и неговите деца и дека прашањето околу наследството мора да се реши во најкраток можен рок.
© Ohridnews.com. All rights reserved.
The content of this article, should not be printed, copied or published in any way, without permission by Ohridnews.com