На теренот во СРЦ Билјанини Извори ќе играат Воска Јуниорс – Македонија Ѓ.П , како и Вардар – Работнички, додека на “Грашница“ ќе играат Бутел – Слога Ј, и Амаре – Волково.
Петлињата на Воска Јуниорс под водство на Агрон Мерко, доста успешно се натпреваруваа во скопската лига. На десетте меча кои ги одиграа забележаа осум победи, а претрпеа два порази.
– Задоволни сме од постигнатото оваа сезона – вели претседателот на Воска Јуниорс, Ристе Трајкоски. Со овие ревијални натпревари сакаме да ја заокружиме одличната сезона зад нас. Целта на клубот и понатаму ќе биде работата со младите категории.
Натпреварите кои се на програмата утре (сабота 31.05) започнуваат во 10 часот.