Српскиот тим Борац од Чачак, кој е на подготовки во Охрид ќе одигра три контролни натпревари од петок до недела на „Атина Бојаџи“.

Прв противник на Борац е тимот на Младост од Царев Двор, кој се натпреварува во Третата македонска фудбалска лига. Мечот ќе одиграат во 14 часот.

В сабота пред екипата на Борац е прволигашки тест откако ќе се сретнат со Напредок, а в недела силите ќе ги одмерат со Пелистер.

До сега фудбалерите на Борац во Охрид одиграа еден натпревар против Ренова, кој заврши неславно откако двете екипи се степаа на теренот.

Мх.П.