Фудбалерите на Борац од Чачак успешно ги минаа тест средбите со македонските екипи одиграни во Охрид на „Атина Бојаџи“.
Прва екипа што претрпе пораз беше тимот на Младост од Царев Двор 3-1, потоа поразена беше екипата на Напредок со 3-0, а Борац „три од три“ обезбеди со победата против Пелистер 2-0.
Српската експедиција во Охрид ќе остане уште една недела, а ќе одиграат уште неколку контролни средби.
Мх.П.