Екипата на Борац од Чачак со 4-0 го совлада Вулкан во контролниот натпревар одигран попладнево на „Атина Бојаџи“.
Со мечот против „вулканизерите“ фудбалерите на Борац ги завршија подготовките во Охрид каде поминаа две недели.
Тие одиграаа контролни натпревари со Ренова, Пелистер, Напредок и Вулкан, а на пред да заминат за Србија ќе одиграат пријателски натпревар со Еуромилк.
В четврток Вулкан со почеток во 14 часот ќе одигра контролен меч со битолски Пелистер.
Мх.П.