Хуманитарната организацијата „Boots for Balkans“ од Австралија која донира нови и стари обувки за фудбал зимава пак ќе ги посети Охрид и Македонија.


„Boots for Balkans“ летово што измина беше дел од тренингот на ФК Охрид Топ Тим и започнаа соработка, а посети неколку фудбалски школи во Битола и оствари работна средба со луѓе од Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ).

– Моментално имаме собрано 150 пара спортски обувки кои ќе ги донираме на фудбалски школи низ цела Македонија. Оваа организација функционира исклучиво само за хуманитарни цели и волонтерски, и за доброто на дечињата односно на сите да им се обезбеди опрема за тренирање и играње. – рече првиот човек на организацијата, Јане Цоцески.

Заштитно лице на „Boots for Balkans“ е македонскиот репрезентативец Даниел Георгиевски кој донираше дел од својата опрема за дечињата од кои треба да потекнат наследници во националниот дрес.


Хуманитарната организција „Boots for Balkans“ има и свој интернет портал на кој сите заинтересирани екипи од Охрид и Македонија можат да се пријават и започнат соработка.

OhridNews