Хуманитарната организација од Австралија, „Boots for Balkans“ ја продолжи соработката со Основните училишта од Охрид и охридско донирајќи нови топки за фудбал во Основното училиште „Дебрца“.

Новите топки на учениците од ОУ „Дебрца“ им ги предаде Тодорче Кочишки-Кулја, кој е соработник со организацијата. Благодарност за донацијата до хуминаторното друштво упати Градоначалникот на Дебрца, Зоран Ногачески.

Организацијата „Boots for Balkans“ која е со хуманитарен карактер формирана е од охриѓани кои живеат и работат во Австралија. „Boots for Balkans“ ја прошири со соработката со фудбалските школи од Битола, а оствари средба со луѓе од Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ).

OhridNews