Наместо сигналот од националните телевизии Boom од полноќ емитува соопштение во кое се наведува дека Диги плус медиа-сопственик на телевизијата “Boom“прави напори за надминување на состојбата, поради што било побарано пролонгирање на рокот од Советот за радиодифузија за 30 дена со цел корисниците да се информираат за настанатите измени. Од “Boom“ информираат дека не знаат што бараат националните телевизии, бидејќи и покрај инсистирањето не им била доставена таква информација, но изразуваат подготвеност бесплатно да го емитуваат нивниот сигнал на територијата на целата држава.
Најоштетени од медиумската војна се гледачите кои и покрај тоа што уредно си ги плаќаат сметките нема да можат да ги гледаат националните телевизии Телма, Канал 5, Сител и Алсат М, кои беа дел од понудата на “Boom“.