Боно Вокс, фронтменот на легендарниот бенд „U2“ во друштво на својата сопруга Алисон го прославил 50-тиот роденден. Парот отишол на романтична вечера во ресторанот „Ноба“ на Менхетн.


За да и се извини на сопругата поради тоа што на нејзиниот роденден цел дена морал да работи во студио, Боно ја напишал песната “The Sweetest Thing”. На нејзино барање, целата заработка од песната била подарена на едно хуманитарно здружение кое се грижи за настраданите деца од Чернобил.