Боно Вокс на концертот кој го одржал во Анахајм рекол дека следната песна ја посветува на Марија Шривер која таа ноќ била меѓу присутните на концертот. Фронтменот на бендот “U2” пред 50 илјади обожаватели песната “Pride”, или како што многумина ја нарекуваат “In the name of love”, ја посветил на својата пријателка.
Марија, која моментално минува низ тежок период бидејќи се разведува од неверниот сопруг Арнолд Шварценегер, била воодушевена и погодена од неговата посвета. Во еден дел од песната Боно се прашува што се уште треба да се направи во име на љубовта.