Пејачот на групата “U2”, Боно Вокс, приредил вистинско изненадување на луѓето кои ноќта пред Божик се нашле на улиците во центарот на Даблин. Имено, тој се придружил на музичкиот состав “Glen Hazard”, па заедно ги забавувале минувачите кои купувале божиќни подароци. Сето тоа го направиле како би собрале пари за бездомниците.
Откако минатата година Боно приредил вистинско уживање за минувачите во Даблин, неговите обожаватели спремно го чекале и оваа година. Во прашање била хуманитарна свирка чиј прилог бил дониран за бездомниците. Инаку, Боно празниците ќе ги мине со сопругата Али Хевсон и нивните четири деца, Џордан, Мемфис, Елаја и Џон.