Тага, шок и неверување владее се уште во Ница по страотниот терористички напад што се случи пред два дена, во кој животот го загубија 84 лица, а стотина се повредени, од кои над 50 критично.

Сочувство кон жртвите изразија голем број познати личности преку социјалните мрежи.

Во моментот на нападот во Франција била Ријана која ја избегнала трагедијата, а нејзиниот концерт е откажан. Во тоа време во Франција бил и фронтменот на U2 Боно Вокс.

OhridNews