Пејачот на ирската група U2, Боно Вокс, ги демантирал шпекулациите на медиумите дека бил одведен во болница откако се пожалил на болки ви градите додека бил на одмор во франција. Боно наводно бил задржан во „Princez Grejs“ болницата во Монако, но неговиот претставник за медиумите рекол дека тоа бил само рутински преглед.


Портпаролот во соопштението навел дека и покрај написите во медиумите, Боно немал здравствени проблеми. Тој со својата група неодамна ја завршиле светската турнеја „360“ која влегла во историјата како најголема турнеја на сите времиња по заработката, а нејзиниот приход ја надминал сумата од 736 милиони долари.