Велшката пејачка Бони Тајлер ќе ја претставува Велика Британија на овогодинешниот Евросонг во шведскиот град Малме. Како што пренесуваат агенциите, пејачката која има 61 година, и која се прославила со хитовите “It’s A Heartache“ (1977), “Total Eclipse of the Heart” (1983) и “Holding Out For a Hero” (1984), ќе ја изведе баладата под наслов “Believe in Me”. Таа изјавила дека е почестена што ќе ја претставува својата земја и додала дека ќе даде се од себе за Велика Британија.

Велика Британија не победила на ова натпреварување од 1997 година. Минатата година нејзин претставник бил 70-годишниот Енглеберт Хампердинк кој завршил на претпоследното место.