Најновото продолжение на авантурите на Џејмс Бонд продолжува да соборува рекорди во речиси сите земји во кои почна да се прикажува. Во Велика Британија, каде имаше премиера на 26 октомври, во првата седмица заработи повеќе од 58 милиони евра, со што од прво место го симна „Хари Потер и затвореникот од Аскабан“ од 2004 година кој во првите седум дена инкасира 34 милиони евра. Во Холандија “Спектре“ заработи 3,3 милиони евра, во Финска 2,35 милиони, во Норвешка 2,7 милиони, во Данска 3,65 милиони, а во Шведска 2,7 милиони евра. Продуцентите Мајкл Вилсон и Барбара Броколи изјавила дека се благодарни на сите фанови на Џејмс Бонд.

 

Претходниот дел на популарната франшиза, „Скајфол“, забележа најголема заработка од сите филмови за агентот 007, која изесуваше 1,1 милијарда долари. Како што пренсива Би Би Си, критичарите се полни со пофалби за „Спектре“, како и за глумата на Даниел Крег на кој ова му е четврт филм во улогата на тајниот агент. Се очекува филмот да го освои и американскиот пазар каде ќе почне да се прикажува од 6 ноември. Ресиси е сигурно дека веднаш ќе се најде на првото место, посебно после слабите резултати кои ги забележаа филмовите кои почнаа да се прикажуваат минатиот викенд, а од кои најлошо минаа “Our Brand is crisis” со Сандра Булок и “Burnt” со Бредли Купер со заработа од 3,3 милиони, односно 5,1 милион долари.