Американските војници наскоро ќе можат наместо инјекции со морфиум, да ги ублажуваат болките со бомбони. Капетанот Брајан Блок, портпарол на американскиот корпус маринци, рекол дека новот лек претставува алтернатива за тредиционалниот начин на смирување на болките со помош на шприц и игла. Тој објаснил дека бомбоните ќе овозможат поефикасен начин на ублажување на болките предизвикани со ранување, бидејќи лекот многу побрзо доспевал во крвта преку слузокожата, отколку преку вбризгување во мускулите.


Бомбоните имале уште некои предности. Имено, некои рани на нозете и рацете би можеле да доведат до контракции на крвните садови, правејќи ја класичната инјекција неадекватна. Бомбоните кои содржат морфиум, исто така овозможувале да се ограничи дозата на морфиум доколку војникот западне во состојба на шок. За тоа е доволно да се извади бомбоната од устата, што е невозможно во случајот со инјектирањето.