Џон Бон Џови станал правен советник во Белата Куќа за прашања поврзани со локалната заедница и мобилизацијата. Според извршниот налог кој го потпишал американскиот претседател Барак Обама во вторникот, рокерот станал еден од 25 членови на новото тело во Белата Куќа чија цел е да помогне во решавањето на проблемите на локалната заедница.


Покрај него вклучени се и претседателот на интернет аукцијата еBay, Џон Донахју и други познати личности. Обама во својата изјава го оправдува изборот на членовите појаснувајќи дека тие целиот свој живот го посветиле на социјалните иновации.