Американската рок група Бон Џови според списанието Билборд најмногу заработила на светска турнеја во 2013 година. Бендот свирел пред повеќе од два милиони фанови на 90 распродадени концерти во својата турнеја и заработил 205 милиони долари, јавуваат британските медиуми. Ова е трет пат оваа група да заврши на врвот на списанието Билборд.

Втора најуспешна турнеја во оваа година била “Crirque du Soleil Immortal”, циркуска претстава работена на музика на Мајкл Џексон. Во рамките на оваа турнеја биле продадени 1,4 милиони билети на вкупно 205 настапи, а вкупната заработка изнесува 157,3 милиони долари. Турнејата на пејачката Пинк се наоѓа на третото место, дидека Брус Спрингстин и Ријана се наоѓаат на четвртото односно петтото место. И покрај тоа што оваа година одржале само 23 концерти, легендарните Ролингстоусн се нашле на шестото место со заработка од 126 милиони долари, иако свиреле пред „само“ 327 илјади луѓе.