Пејачот Џон Бон Џови во соработка со козметичката куќа “Ејвон“ лансирал нов парфем со име “Unplugged”, кој ќе се продава во верзија за „неа“ и „него“. Од компанијата „Ејвон“ навеле дека иснпирацијата за обата мирис потекнува од единственото чувство кое настанува со слушањето на омилената песна.
Селта на новиот парфем е стварање на емоционална врска помеѓу музиката и мирисот. Женската верзија на парфемот, која ќе се најде во продажба од октомври, има ориентална цветна мирисна нота, додека машката, која ќе биде достапна еден месец подоцна, содржи цветни дрвени ноти. Соработката помеѓу пејачот и козметичката куќа настанала како резултат на взаемното делување во хуманитарни цели.