Американската рок група Бон Џови била приморана предвреме да ја прекине нивната турнеја поради итна операција на слепо црево на тапанарот Тико Торес, која била извршена во Мексико Сити.


Бендот во вторникот го одложил нивниот настап, а преку Фејсбук и Твитер им се извиниле на фановите кои веќе купиле карти и ја пренеле информацијата дека концерите ќе ги одржат на крајот од овој месец.

“Торес сакаше да свири веднаш по операцијата но докторите не го дозволија тоа” изјавил Џон Бон Џови.