Продажбата на бомбоните Fisherman’s Friend се зголемила за 46 отсто заради анисот што го содржат кој е состојка и на лекот „тамифлу“

Овој вид популарни бомбони последните месеци станале многу барани, заради некои тврдења дека „рибарските бомбони“ лечат од свинскиот грип, Имено, Fisherman’s Friend бомбоните во себе имаат анис, состојка која влегува во составот на лекот за новиот вирус на грипот A(H1N1) „тамифлу“.

Секако докази за тоа нема, но маркетиншкиот трик очигледно многу добро ја постигнал целта, па од произведувачот Fleetwod Ltd. велат дека од јули продажбата се зголемила речиси за половина.

„Не сакаме да зборуваме за можните лековити својства на нашите бомбони, но сигурно знаеме дека нивното конзумирање никому не може да му наштети“, задоволно изјавил портпаролот на компанијата.

Ohridnews