Бомбашот самоубиец, кој го изврши терористичкиот напад во Истанбул, во кој беа убиени 10 лица, се вика Набил Фалди, пренесе турската новинска агенција Доган.Според истиот извор, Набил Фалди е роден во Саудиска Арабија, а се претпоставува дека во Турција влегол од Сирија на 5 јануари.Оваа информација до сега не е официјално потврдена од турските власти.
Турската полиција во средата изутрина во Анталија уапси тројца руски државјани поради сомнеж дека биле вмешани во терористичкиот напад и дека имаат врски со Исламската држава.
OhridNews
извор Макфакс