Најмалку осум лица загинаа, а голем број се повредени во координирани напади на бомбаши самоубијци во иранскиот парламент и мавзолејот на Хомеини во Техеран. Властите стравуваат дека бројот на загинати ќе расте со оглед дека сè уште трае хаотична ситуација и нема потврдени информации ниту за жртви, ниту за спасени. Исламска држава ја презеде одговорноста за нападите, кои се први во Иран.

Нападот врз зградата на парламентот беше проследен и со заложничка драма, која не е јасно дали сè уште трае. Инаку, вооружени напаѓачи утрото со калашников влегле во парламентот, убиле еден стражар, по што еден од напаѓачите се разнел. Потоа се појавија информации дека се случил друг бомбашки напад во мавзолејот во Техеран.

OhridNews

извор Макфакс