Значајна победа за охридските “сини“ за бегство од опасната зона. По одлежаната суспензија од страна на ФФМ, на “Билјанини Извори“ совладана екипата на Слога Ј со 3-1(2-0).

Охриѓани добро го започнаа натпреварот, со удари од далечина се обидоа Маркоски и Шаќири да го совладаат Мустафа. Најдобрата можност да го стигнат до предност ја имаа гостите преку Шабани, но прекрасната интервенција на Абди спречи водство на “гулабите“.
По периодот на мирна игра гостите се опуштија во финишот на полувремето, а нивното опуштање го казни Атај кој краде една топка и со одмерен удар го матира Мустафа за 1-0.

Не поминаа првичниот шок за гостите, кога капитенот на “сините“ Бимбилоски упати вистинска бомба од 30 метри, која заврши под пречката во мрежата на Мустафа за убедлива преднос од 2-0 пред одморот.

На 3-0 во 65 минута, по оправдано покажаниот пенал по прекршокот над Ѓорѓиески, зголеми ново влезениот Ѓоршески. Се обидоа гостите да го поправат впечатокот до крајот на мечот преку Абдуали, кој во првиот обид ја погоди пречката, додека на дестина минути пред крајот по проигрувањето од Бериша го најде патот кон мрежата постигнувајќи ги конечните Охрид – Слога 3-1.

Локомотива Брегалница  1-2
Скопје Алумина 3-1
Нов Милениум  Маџари 1-0
Караорман Металург  1-2
Охрид `04 Слога Ј  3-1 
Вардар Д Миравци 0-0
Дрита Беласица  1-1  
Турново Тетекс  3-1 
Влазрими слободна  


Табела

1 Турново 23 51
 2 Металург 22 48
 3 Скопје 23  44
 4 Миравци 22 43
 5 Дрита 22 39
 6 Тетекс   23 38
 7 Беласица ГЦ 23 37
 8 Слога Југомагнат 22 35
 9 Нов Милениум 23 29
 10 Охрид `04 22 26
 11 Вардар Декамел 22 26
 12 Маџари 23 25
 13 Брегалница 23 24
 14 Алумина 23 21
 15 Локомотива 23 20
 16 Караорман 22 18
 17 Влазрими 22  11