Според некои француски медиуми првиот човек на Ферари подготвил договор за Себастијан Фетел финансиски највисок во историјата на Формула 1.
Магазинот Ауто-Хебдо пренесе информација дека подготвени се 120 милиони евра за нов трогодишен договор на Германецот.
Серџо Маркионе јасно и гласно изјави во Австрија дека судбината на Фетел е во него самиот и дека тој има конкретна понудата на масата за потпис.
Исто така се спомнува дека и Фетел има свои услови за да стави потпис, меѓу кои и обавезно Кими Раиконен да остане како негов партнер минимум уште една сезона.
Маркионе е подготвен овај услов да го исполни со што финецот би инкасирал нови 5 милиони евра. Се очекува како и секогаш Скудерија Ферари својот возачки тандем да го официјализира на трката во Монца.
OhridNews