На денешната прес-конференцијата во Куманово опозициската СДСМ презентираше прислушувани разговори, во кои според нив се слуша како власта се обидува да ги намести изборите во Куманово. Претседателот на Општинската организација на СДСМ во Куманово Мартин Костовски рече дека пред граѓаните ќе откријат како премиерот Никола Груевски и неговите соработници и покрај валканите игри не успеале да ја освојат општината. Според него, во прислушуваните разговори може да се слушне како се делеле огромни суми на пари во кеш и што се друго правела партијата ВМРО ДПМНЕ за по секоја цена да го освои Куманово на локалните избори. Тој посочи дека тоа претставува класичен изборен криминал.
Денеска попладне ќе се одржи и народен марш на кој на крајот се очекува збор да земат претседателот на СДСМ Зоран Заев, потпретседателката Радмила Шеќеринска и генералниот секретар на партијата Оливер Спасовски.
OhridNews