Еден од најдобрите атлетичари во светот, Јусеин Болт кој е во обид да стане фудбалер покажа дека не се шегува, откако ја одби првата професионална понуда. Прв клуб кој се заинтересира за услугите на Болт беше Валета од Малта која не наиде на позитивен одговор од Јамајканецот.

  • Постојат многу понуди, но клубот од Малта беше конкретен. После разговорите со Болт решивме да ја одбиеме понудата и да му се заблагодариме на Валета за интересот. – изјави агентот на Болт, Рики Симс.

Болт неодамна во првиот свој старт во дресот на Маринерс постигна два погодоци и ја завери победата на својата екипа. Освојувачот на златни олимписки медали во сите спринтерски дисциплини никогаш не ја криел желбата да стане професионален фудбалер. Болт е страствен навивач на Манчестер Јунајтед, а годинава беше дел од тренинзите на Борусија Дортмунд.

Јусеин Болт двоен стрелец во триумфот на својата екипа (видео)

OhridNews