Неверојатниот Јусаин Болт од Јамајка постави нов светски рекорд на 100 метри кој изнесува импресивни 9 секунди и 69 стотинки.


Болт кој финалната трка на Олимпијадата во Пекинг  ја мина како брз куршум пред целта имаше предност од неколку метри пред конкурентите кои не му беа достојни противници.

Неговиот сонародник и големиот фаворит Асафа Пауел заврши дури петти, а со одличја се закитија Ричард Томпсон од Тринидад и Тобаго кој беше втор и Волтер Дикс од САД кој беше трет.

ohridnews