По олимпиското злато и светскиот рекорд на 100 метри атлетичарот од Јамајка Усаин Болт го сруши и светскиот рекорд на 200 метри со време од 19:30.

За разлика од првата трка на 100 метри овој пат не успоруваше, истрча до крај и ги остави другите атлетичари далеку зад себе.

Досегашниот рекорд на 200 метри беше поставен од Мајкл Џонсон пред 12 години со време од 19:32.

Оваа победа е најдобар подарок за Болт кој утре го слави 22-риот роденден. По трката, публиката на стадионот пееше  “Happy birthday to you“.

ohridnews