Екипата на Наполи и капитенот на македонската фудбалска репрезентација Горан Пандев претрпеа нов шок. “Азурите“ на домашен терен изгубија од Болоња 2-1 и одбраната на титулата во Купот на Италија ја завршија во 1/8 финалните мечеви.


Поразот од Болоња во “Копа Италија“ е втор за период од четири дена откако во неделната пресметка “црвено плавите“ триумфираа со 3-2 во “Калчо лигата“.

Натпреварот започна одлично за “наполитанците“ откако во 12-та минута поведоа со голот на Едисон Кавани по корнерот на македонскиот интернационалец Горан Пандев.

До крајот на првиот дел односно во 38-та минута Болоња израмни преку Паското. Кога сите очекуваа крај на мечот и продолженија, Коне беше побрз од последниот свиреж од судијата и погоди за победа на Болоња и шок во Неапол.

Резултати : Наполи – Болоња 1-2, Удинезе – Фиорентина 0-1, Лацио – Сиена 1-1 (5-3 пенали).

Мх.П.