Во Болоња овој викенд ќе биде одржана необична манифестација посветена на човечките грешки. Под слоганот „Дојдете и грешете“, фестивалот ќе опфати бројни средби и дебати на кои ќе се зборува за грешки во сите области, од уметноста, преку весниците па се до науката.

Грешката е „сопатник на уметникот и научникот, роден брат на вината, мајка на сите пороци, но и пријател на храброста и иновацијата“, изјавила за агенциите Алсандра Берарди, уметничкиот директор и еден од организаторите на фестивалот. Таа навела дека грешките се дел од вистината и тие ни кажуваат по кој пат не смееме да одиме. Фестивалот трае тро дена, од 28 февруари до 2 март кога за посетителите ќе биде организирано разгледување на Болоња во потрага по „монументални“ грешки.