Болоња не се појави на натпреварот од 20. коло од италијанскиот шампионат со Интер. Средбата требаше да се одигра попладнево на „Ренато Далара“ во Болоња со почеток во 12:30 часот.

Италијанските медиуми јавуваат дека причина за неиграњето на натпреварот е тоа што  екипата на Болоња била ставена во карантин поради појава на коронавирус.

Болоња сега се соочува со технички пораз.

За случувањата во Болоња се огласи спортскиот директор на Интер Ѓузепе Марота, кој посочи дека здравјето на играчите и публиката се на прво место.

Пред сè, би сакале да ја повториме главната цел на сите: да го заштитиме здравјето на играчите, навивачите и сите оние кои се вклучени во фудбалот. Болоња беше подготвена да го игра овој натпревар, но мораше да ја следи одлуката донесена од „ASL“ ( Azienda Sanitaria Locale – Локална здравствена единица), одговорна за јавното здравје во Италија. Нема конкретни упатства за вакви случаи, потребен ни е протокол кој ја ограничува надлежноста на „ASL“, инаку овие ситуации ќе се повторат. – истакна Марота.

Интер е лидер на табелата во Серија А со 46 бода од 19 натпревари, Болоња има 27 и се наоѓа на 10. место.

OhridNews