Во тешка состојба и натами се наоѓа 25-годишниот пациент со бронхопневмонија кој бил примен на 28.ноември, како и 40-годишна пациентка, хоспитализирана на 02.декември.
На скопската Клиника се хоспитализирани вкупно 115 болни, додека во Воената болница се лекуваат 42 пациента со симптомите на новиот тип на грип.
На Клиниката за детски болести во викендов се хоспитализирани 11 нови пациенти,а таму во моментов болнички се лекуваат 71 деца со симптоми на грип на возраст од шест месеци до пет години.
На инфективното одделение во Охрид секојдневно доаѓаат пациенти кои се жалат на жалат на симптоми на грип. До викендов според информациите на лекарите биле регистрирани три случаи на свински грип. Поради продострожност медицинскиот персонал користи маски, а се преземаат и други мерки за заштита при работа.
Состојбата со сезонскиот и новиот грип се очекува да кулминира во декември, кога според метеоролозите ќе имаме и повисоки температури, нетипични за првиот месец од зимата.