Специјалната болница за ортопедија  труматологија “Свети Еразмо“ Охрид вчера ја направи првата операција на вратен рбет со вградување на “КЕЈЏ“. Ова е за прв пат во Република Македонија  на овој начин  – со вградувањ на заместител на интервертебралниот диск да се решаваат проблемите на дискот. Во развиените земји оваа современа метода се применува неколку години наназад.

Оперативниот зафат е извршен како заеднички Неурохируршки проект на Болницата “Свети Еразмо“ од Охрид и Клиниката за Неурохирургија  Скопје. Операцијата ја извршиле  Проф. Чапарески и Проф. Лозанче од Скопје и  Д-р Митре Милошевски од Охрид. Оперативниот зафат бил подржан од скопската фирма “Д-р Паноски“, која обезбеди стручно лице од Фирмата “Зимер-спине“ од која тендерски се набавени материјалите.

Болницата “Свети Еразмо“ има обезбедено материјал за 10-15 пациенти годишно, кои како осигурени на Фондотза здравство,.може да се лекуваат со оваа метода.

OhridNews